Америка потврдува: испраќа копнени сили на Блискиот Исток

Макфакс

25/03/2026

20:15

1.340

Големина на фонт

а а а

САД го потврдија испраќањето копнени сили на Блискиот Исток откако Иран го отфрли предложениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Индепендент“.

Пентагон потврди дека делови од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија, единици за логистика и поддршка и 1-та борбена бригада ќе бидат испратени во регионот.

Потврдата доаѓа откако иранските власти објавија дека добиле предлог од САД за прекин на војната, но го оцениле како неприфатлив.

Ирански функционер изјави за Ројтерс дека првичните впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека првичниот одговор на Техеран бил проследен до Вашингтон преку посредник од Пакистан.

Според пакистанските власти, кои дејствуваат како посредници, предлогот на САД вклучува ублажување на санкциите врз Иран, соработка во цивилната нуклеарна програма, нови ограничувања на нуклеарната програма на Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец, според написите