[ФОТО] Провокативната манекенка не бира место: Отишла да ги бодри кошаркарите, па го покажала задникот

Супермен

25/03/2026

18:30

1.095

Големина на фонт

а а а

Манекенката Вини Харлоу максимално ужива во животот на „кошаркарска вагсица“, како што популарно ги нарекуваат партнерките на кошаркарите во НБА лигата.

Вини ужива во љубовта со кошаркарот Кајл Кузма, кој неодамна ја запросил.


Иако нејзиниот свршеник не бил дел од последниот состав на Милвоки Бакс, па го пропуштил натпреварот на својот тим, тоа не значеше дека Вини нема да ја даде својата поддршка, со оглед на тоа што е позната како голем навивач и со уживање ја следи кошарката.


Покрај навивањето, вниманието на трибините го привлекло и нејзиното смело модно издание. Комплетот составен од плетени шорцови и џемпер открил и повеќе отколку што треба.


Своето модно издание манекенката го надополнила со бели чизми до колена и потемен качкет, па со многу самодоверба продолжила да ужива во натпреварот, но и во погледите што ги привлекла, особено за време на паузата кога целиот фокус бил вперен кон неа.


Инаку Харлоу и Кузма се во врска од 2020 година и оттогаш многу ретко споделуваат какви било информации поврзани со приватниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk