Чаби Алонсо веќе прифатил нова работа, клубот ќе му го исполни единствениот услов

Дерби

26/03/2026

11:13

621

Големина на фонт

а а а

Отказот од Реал Мадрид нема да има долго негативно влијание врз тренерската кариера на Чаби Алонсо, бидејќи Шпанецот веројатно наскоро ќе преземе друг европски великан.

„Билд“ тврди дека Ливерпул го договорил шпанскиот стручњак за предводник на „црвените“ од стартот на новата сезона, а Алонсо имал само еден услов за да ја прифати работата.

Тој побарал да има влијание врз носењето одлуки во креирањето на тимот, нешто што според него му било ветено, но не и реализирано во краткиот период во кој работеше во Реал Мадрид.

Мајкл Едвардс постојано бил во комуникација со Алонсо, а тоа се интензивирало откако тренерот беше отпуштен од Реал и од двете страни постои заеднички интерес за соработка од почетокот на новата сезона.

Арне Слот по дебитантската сезона со шампионска титула не успеа ни одблиску да го задржи тимот на премиерлигашкиот врв, па поради тоа Ливерпул е подготвен за разделба по крајот на сезоната и почнување на нова ера под водство на својот поранешен фудбалер.