Тепачка меѓу болничари во ургентниот центар на комплексот клиники

Макфакс

26/03/2026

14:41

368

Големина на фонт

а а а

Во Ургентниот центар се случил инцидент меѓу вработени, откако болничар бил нападнат од свој колега.

Случајот бил пријавен вчера, кога 27-годишен скопјанец информирал дека околу пладне, додека бил на работното место во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, бил физички нападнат.

Според пријавата, напаѓачот бил негов колега, исто така болничар, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.