Актерката Дакота Џонсон плени со својот изглед на секој чекор, а сè почесто имаме можност да уживаме во нејзините најпровокативни изданија. По раскинувањето на долгогодишната врска со Крис Мартин, Дакота стана незапирлива.
Со оглед на тоа дека е една од најпознатите и најатрактивни млади актерки, папараците ја следат на секој чекор, па не е ни чудо што ја „уловија“ во едно од нејзините спортски изданија.

Дакота на некој начин ги прослави голите фустани, или тие неа, но во секој случај, сега покажа како изгледа кога мисли дека никој не ја снима, а овие фотографии сигурно ќе ви се допаднат.

Црни хеланки, топ и оверсајз дуксерка што ја носела само околу вратот биле нејзиниот избор за теретаната што редовно ја посетува, а овие папарацо фотографии брзо се прошириле и на социјалните мрежи, па Дакота добила бројни комплименти.

Изгледа дека тренингот бил исклучително напорен, бидејќи актерката на речиси сите фотографии е видно вцрвенета во лицето, па не била расположена да им позира на насобраните фотографи.

Меѓутоа еден обожавател ѝ порачал дека не треба да се крие и дека е совршена.