[ВИДЕО] Жешки кадри кои не се за оние со слабо срце: Сидни Свини позираше во проѕирно чипкано боди и покажа сè

Супермен

26/03/2026

14:16

1.152

Големина на фонт

а а а

Американската актерска ѕвезда Сидни Свини ги остави без зборови следбениците на социјалните мрежи откако позираше во проѕирно боди за новата реклама за својот бренд „SYRN“.

Таа облече чипкано боди со длабоко деколте, а носела и високи чорапи во истата боја. Во описот на видеото е наведено: „Втора рунда, подготвена е. „Seductress Drop 2“ сега е во продажба“. Следуваа бројни коментари од фановите.

„Како си толку совршена?“, „Останав без зборови“, „Сон на секој маж“, се дел од нив.


Сидни Свини на почетокот на оваа година го лансираше брендот „SYRN“. Станува збор за линија на долна облека која произлезе од нејзино лично искуство со неудобни и лошо приспособени градници, па фокусот на брендот е на подобар крој и инклузивност.

Естетиката на брендот се заснова на комбинација од сензуалност, самодоверба и разиграност. Колекциите се поделени во четири главни категории – „Seductress“, „Romantic“, „Playful“ и „Comfy“, кои претставуваат различни страни на женската личност и стилови.

„SYRN“ брзо се издвои на пазарот благодарение на смелиот визуелен идентитет и кампањите во кои самата Свини често учествува како заштитно лице на брендот, со што дополнително гради автентичност и препознатливост.


Инаку, фановите на серијата „Euphoria“ неодамна забележаа дека Сидни не се наоѓа на групната фотографија со која „HBO“ ја најавува третата сезона, а дел од нив сметаат дека е отстранета поради кавга со Зендаја.

Сепак, извори за „Page Six“ наведоа дека актерката не била на фотографирањето бидејќи тогаш снимала сцена и дека тоа не е поврзано со никаква кавга.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk