Во натпревар во кој ќе нема голем мотив кај играчите, Гоце Седлоски и Хајмир Халгримсон ќе имаат навистина тешка задача да го извлечат најдоброто од своите фудбалери, особено по двете разочарувања кои беа претрпение во ист ден.
Македонија загуби убедливо од Данска на „Паркен“ со резултат 4:0 и така згасна сонот наречен Светско првенство, додека уште посурово испадна Ирска, која после водство од 2:0, на крајот загуби од Чешка во пенал рулетот.
Ирците можеби го пречекуваат пријателскиот натпревар против Македонија во Даблин во уште потешка психолошка ситуација, па селекторот Халгримсон го најави овој дуел како пресметка на два тима кои претрпеле сообраќајна несреќа.
– Натпреварот против Македонија е како сообраќајна несреќа. Ако возите автомобил и се судрите со него, после некое време најдобро е повторно да влезете и да возите и да заборавите на минатото. Мислам дека станува нешто слично за двата тима во овој случај.
– Тешко е да се игра натпревар после такво емоционално трошење, но фудбалот секогаш ви носи нова шанса. Наше е да играме, треба да го искористиме секој натпревар за да бидеме подобри. Најважно е како ќе станете откако ќе паднете. Мора да продолжиме да растеме, а тоа ќе го направиме само со играње на нови натпревари. Имаме дупки во срцето после поразот во Чешка, но мора да го оставиме тоа зад себе и да продолжиме напред, – изјави Халгримсон.








