„УЕФА“ објави спринт на Модриќ преку цел терен: „Колку работи човекот на 38 години“

Точка

27/03/2026

22:18

1.380

Големина на фонт

а а а

Официјалната страница на „UEFA“ Лигата на шампионите објави видео од пред две сезони во кое главен актер е капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ. Тогаш имал 38 години и настапувал за Реал Мадрид против Баерн во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Колку работеше Модриќ на 38 години“, стои во описот на видеото.

Реал направи епски пресврт

Во видеото, Модриќ изведува корнер во 85. минута од реваншот, а потоа по загубената топка во спринт се враќа назад за да пресече клучно додавање при водство на Баерн од 0:1.

Реал на тој натпревар победи со 2:1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. За пресвртот двата гола ги постигна тогашниот напаѓач Хоселу, во 88. и 91. минута.

Модриќ помина 13 сезони во Реал, во кои одигра речиси 600 натпревари и освои шест трофеи во Лигата на шампионите. Денес настапува во Милан, каде што и на 40 години е еден од најстандардните играчи. Оваа сезона одигра 32 натпревари.