Без со 10 мажи на вечер, тарифа – 600 €! Сузи го шокираше светот: Преку ден тренирала за Олимписки игри, а навечер …

Точка

30/03/2026

10:38

1.661

Големина на фонт

а а а

Приказната на познатата спортистка, која ја откри во своите мемоари, никого не остава рамнодушен.

Сузи Фејвор Хамилтон – спортистка која ја паметат вистинските љубители на атлетиката. Три пати учествувала на Олимписките игри, а нејзиниот живот по крајот на кариерата го шокираше светот.

Американката преку ден била спортистка, а навечер – работела како придружничка.


Во своите мемоари открила дека ноќе имала нов идентитет и се претставувала како Кели Линди. Местото каде што работела бил Лас Вегас.

Во книгата „Брза девојка“ таа открива шокантни детали од својот живот. Сè започнало кога таа и нејзиниот сопруг решиле да ја прослават годишнината од бракот во Лас Вегас. Тогаш Сузи го убедила сопругот да скокаат со падобран и да експериментираат со нови искуства.

Потоа следувала вистинска „драма“. Таа не можела да престане да размислува за поразличен, поавантуристички живот – па повторно се вратила во Вегас, овојпат сама.


Најпрво решила да ангажира машки придружник и со него поминала вечер што силно ѝ оставила впечаток … А потоа дошла уште порадикална идеја – „сакам да се занимавам со ова“.

„Пред тоа имав односи само со сопругот. Му реков дека тој е вториот маж со кој сум била, а тој ми рече дека е штета и дека треба почесто да имам искуства. Тогаш се впуштив во тоа“, напишала Сузи.


Му кажала на сопругот, но …

Сопругот бил информиран за нејзината одлука и се обидел да ја одврати, но безуспешно.

„Погрешно ми беше дијагностицирано биполарно нарушување, се лекував на погрешен начин, а лековите само ја влошија мојата психичка состојба“.


Сузи своите услуги ги наплаќала околу 600 евра, а нејзиниот таен живот излегол во јавноста кога на неколку клиенти им го открила својот вистински идентитет.

“Имаше денови кога наутро трчав маратон, потоа се качував во авион, доаѓав во Вегас и се среќавав со повеќе мажи. На крај, разоткривањето се покажа како најдобрата работа што ми се случила. Тогаш започнав со вистинско лекување и се ослободив“, раскажува таа.