Се разбудил во мртовечница па целосно гол трчал низ ходникот: Бизарен случај во Босна и Херцеговина

Точка

30/03/2026

12:10

6.202

Големина на фонт

а а а

Шефик Шеќиќ од Сребреник бил прогласен за мртов, се разбудил во мртовечница и целосно гол избегал низ болницата, оставајќи го персоналот и семејството во шок.

Шефик Шеќиќ од Сребреник, во Босна и Херцеговина, во својот крај познат под прекарот Нуте, доживеал филмска и неверојатна судбина кога лекарите по грешка го прогласиле за мртов. Откако му се влошила состојбата и доживеал клиничка смрт, овој човек се разбудил во мртовечница и целосно гол избегал низ болничките ходници.

Сè започнало во 2024 година за време на Бајрам. Шефик Шеќиќ станал рано наутро за да ја отвори вратата од својата куќа.


„Беше Бајрам. Станав наутро да отворам врата, само што станав, паднав и ги повикав децата. Брзата помош веднаш дојде по мене. Докторите им рекоа на децата да си одат дома, бидејќи умирам. Рекоа дека не можам да преживеам“, раскажува Шефик.

Исплашеното семејство добило најцрни вести. Медицинскиот персонал од неговото тело извлекол повеќе од пет и пол литри течност, по што Шефик бил пренесен во болница во Тузла, каде што бил оставен во мртовечница, мислејќи дека починал.


„Не ни знаев дека сум во Тузла. Лежев на носила завиткан во најлон. Кога се разбудив, прогледав, имаше еден постар човек покрај мене, облечен во црно одело. Почнав да плачам, па му реков: Докторе, спаси ме“, вели Шефик.

Набргу настанал хаос, бидејќи мистериозниот човек во црно очигледно не бил подготвен за ваков развој на настаните.

„Јас така син, модар, ги фатив најлоните и почнав да ги кинам. Го прашав: ’Си чул ли за Сребреник, за Нуте‘, а тој ми вели ’Не сум‘, му реков ’Е, ќе чуеш за мене‘. Ги искинав најлоните, а тој почна да бега“, раскажува тој.


Шефик вели дека потоа целосно гол излетал во ходникот и почнал да трча, оставајќи го медицинскиот персонал во неверување. Веднаш побарал да оди дома, а вработените веднаш ги известиле неговите најблиски дека нивниот татко сепак е жив.

„Барав да одам дома, тие им јавија на моите. Можеби два часа бев таму и мораа да ме пуштат“, изјави Шефик.