Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“.
„Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, порача градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски.
Избраниот организатор треба да обезбеди целосна реализација на настанот, вклучително јасно дефинирана агенда и сценарио, програма со оригинални детски песни креирани од воспитно-стручниот кадар на јавните предучилишни установи, музичка и сценска поддршка за нивна изведба, ангажман на водител со искуство во културни и детски настани, логистичка поддршка за учесниците, придружни активности за децата, како и промотивни материјали за јавна видливост на настанот.
Фестивалот е предвидено да се одржи на 18 мај 2026 година во Паркот на франкофонија.
Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавувањето на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар.
Повеќе информации се достапни на линкот








