Министерот за правда, Филков го потпиша колективниот договор за зголемување на платите

Макфакс

31/03/2026

13:08

124

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда, Игор Филков, заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7% зголемување од 1 март 2026 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Колективниот договор дополнително предвидува: додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време, јубилејни награди, регрес за годишен одмор, заштита од вознемирување на работното место и мерки за безбедност и здравје при работа

„За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност, ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните“, соопшти Министерството