[ФОТО] Седлоски со иста формација, но со четири измени во стартниот тим против Ирска

Дерби

31/03/2026

20:29

132

Големина на фонт

а а а

Гоце Седлоски најави дека ќе направи мали промени во стартниот тим кој вечерва ќе излезе во Даблин, но исто така нагласи дека ќе продолжи да им верува на играчите кои смета дека се костурот на овој македонски тим.

Нашата А репрезентација вечерва од 20:45 часот игра пријателски натпревар против Ирска, а непосредно пред натпреварот, стана јасно за кој избор на играчи се одлучи новиот селекторот.

Седлоски остана да се држи до формацијата 3-5-2, но направи четири измени во почетните 11.

Првите 11 на Македонија против Р. Ирска #НапредМакедонија 🇲🇰

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Tuesday, March 31, 2026

За разлика од мечот со Данска кој заврши лошо во Копенхаген, во стартниот тим ги нема Муслиу, Стојчевски, Атанасов и Ќамили, а на нивно место шанса добија Велковски и Фетаи во одбраната, како и Костадинов и Алими во средниот ред.

Стартни 11 на Македонија: Димитриевски, Зајков, Велковски, Фетаи, Херера, Барди, Алими, Костадинов, Чурлинов, Елмас и Растодер.