САД со итно предупредување: Американците во Саудиска Арабија да побараат засолниште

Макфакс

31/03/2026

21:32

293

Големина на фонт

а а а

Стејт департмент издаде предупредување до своите државјани во Саудиска Арабија, советувајќи ги да побараат засолниште поради можни закани, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на американската амбасада се наведува дека се следат извештаи за потенцијални закани на локации каде што се собираат американски државјани.

„Ги советуваме американските државјани дека хотелите и други места на собирање, вклучително и американски компании и образовни институции, може да бидат потенцијални цели“, се вели во предупредувањето.

Амбасадата ги повика граѓаните до понатамошно да останат во затворени простории и да се држат подалеку од прозорци.

Предупредувањето доаѓа откако, според извештаи на државни медиуми, Иранска револуционерна гарда најавила дека од 1 април ќе таргетира американски компании на Блискиот Исток, како одмазда за нападите врз Иран.