Демировиќ им плаќа пиво на навивачите на Штутгарт

Макфакс

02/04/2026

13:11

160

Големина на фонт

а а а

Пред натпреварите од плејофот за пласман на Светското првенство, во кои Босна и Херцеговина прво го елиминираше Велс, а потоа и Италија (двата натпревари по гол негатива, продолженија и пенали), Ермедин Демировиќ им даде големо ветување на навивачите на Штутгарт.

Демировиќ изјави дека ќе ги почасти навивачите на својот клуб со пиво доколку неговата репрезентација се квалификува на Светското првенство.

Првиот услов е исполнет – Босна и Херцеговина ќе игра на Светското првенство. Сега Демировиќ треба да го исполни своето ветување.

„Реков дека ќе го направам тоа, ќе го држам зборот. Пијалокот ќе биде на моја сметка“, рече Демировиќ по натпреварот во Зеница и големата победа на БиХ.

Ова ветување би можело да го чини Демировиќ околу 300.000 евра, со оглед на тоа што стадионот во Штутгарт собира 60.000 луѓе, а цената на пивото е околу 5 евра.

Штутгарт, во сабота, во дербито ќе ја пречека Борусија Дортмунд.