Познат по тоа што ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста, Рафаел Надал изненади многумина со објава на социјалните мрежи. Имено, поранешниот тенисер објави фотографија со своите деца и сопругата на Инстаграм, што предизвика лавина од коментари.
Целото семејство отпатува на Бахамите и се чини дека уживаат во шармот на овој тропски регион, како и во заслужениот одмор. Рафаел гордо позираше со своите наследници, но и со неговата сакана Марија. Вниманието на јавноста го привлече токму неговата сопруга, која изгледа нереално во бикини.
Двојката е заедно речиси 20 години, а се венчаа во 2019 година, по 14 години врска. Денес имаат два сина кои ги одгледуваат подалеку од светот на познатите личности.















