Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи историски резултат и да се избори за пласман на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
За разлика од пред четири години овојпат паднавме во полуфиналниот бараж што значи се вративме еден чекор назад затоа што претходно ја добивме Италија и стигнавме до Португалија, а овојпат бевме надиграни од Данска во Копенхаген.
Поразот од 4-0 дефинитивно боли, критики добија селекторот Гоце Седлоски како и фудбалерите, критики кои мора да бидат поткрепени со аргументи, но едно е јасно мора да и се даде поддршка на репрезентацијата и кога победува, но и кога губи.
-Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.
-Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме. Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз. Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно.








