Пејачката Маја Гроздановска – Панчева вчера гостуваше во поткастот на Сергеј Варошлија, „Урок“, а познатиот стилист го најави нејзиното гостување на Инстаграм со неколку ретро фотографии од двајцата.
Меѓу објавените фотографии се најде и една од почетокот на 2000-тите, на која Маја е заедно со Сергеј, а пејачката потоа ја реобјави на својот Инстаграм профил.

На фотографијата, двајцата се во препознатливиот моден стил од раните 2000-ти – со фармерки со низок струк, впечатливи модни додатоци и бели јакни.
Сергеј, кој денес е познат како еден од најострите модни критичари кај нас, се пошегува и на своја сметка, но и на сметка на својата долгогодишна пријателка.

„Уффф, кај одиме вакви... ни сам не знам“, напиша тој на фотографијата.
Маја, која и денес се смета за една од најубавите жени на домашната сцена, на фотографијата носи леопард дезен и шминка и фризура типична за тој период.

Покрај оваа, тие споделија и други заеднички фотографии, меѓу кои и моменти од снимањето на спотот за хитот „Мачка со 9 животи“.
Во продолжение, погледнете го гостувањето на Маја во „Урок“:







