Одложено гласањето во Советот на Обединетите нации за Ормутскиот теснец

Макфакс

04/04/2026

09:30

454

Големина на фонт

а а а

Советот за безбедност на ОН следната недела ќе гласа за резолуција за обезбедување премин низ Ормутскиот теснец, дознава Ројтерс од дипломатски извори.

Гласањето првично беше закажано за петок, а потоа и подоцна денес, но сè уште не е одреден точен датум.

Доколку биде усвоена, резолуцијата ќе им овозможи на државите да ги користат „сите потребни одбранбени средства“ за да обезбедат премин низ теснецот.

Морските операции во теснецот, кој е практично затворен од почетокот на војната, исто така ќе бидат одобрени.