[ВИДЕО] Иран користел нов систем за противвоздушна одбрана при соборувањето на американските авиони

Макфакс

04/04/2026

17:51

521

Големина на фонт

а а а

Иран вчера употреби нов систем за воздушна одбрана за да собори американски борбени авиони, соопшти денес Централната оперативна команда на иранската армија „Хатам ал-Анбија“, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на командата изјави дека земјата „дефинитивно ќе постигне целосна контрола“ над својот воздушен простор, според иранските државни медиуми.

Ирански оган собори американски двоседен авион Ф-15Е, потврдија официјални лица од двете земји, додека двајца американски претставници рекоа дека пилотот се катапултирал од борбениот авион А-10 Вартог што се урна во Кувајт откако беше погоден од иранската артилерија.

Иранските медиуми тврдат дека исчезнатиот американски пилот, кој беше изгубен откако неговиот борбен авион Ф-15Е беше соборен над Иран, не е заробен и дека потрагата е сè уште во тек.

Според информациите што ги објави Си-ен-ен, еден член на екипажот бил спасен откако авионот бил соборен, додека потрагата по другиот сè уште е во тек. Не е познато точно каде се урнал авионот на иранска територија.

Државната новинска агенција Тасним објави дека потрагата по исчезнатиот член на екипажот „досега не дала никакви резултати“.