[ВИДЕО] Оскар се соочил со смртта: Го видов син ми како ми вели „тато врати се“

Дерби

06/04/2026

15:34

449

Големина на фонт

а а а

Оскар објави дека се повлекува од професионалното играње фудбал на крајот на 2025-та година, но до денеска немаше објаснето зошто се реши за таков потег иако имаше важечки договор со Сао Пауло со 2027-та година.

Поранешната премиерлигашка ѕвезда која инкасираше 200 милиони евра за периодот кој го мина во Кина, се врати во родниот Бразил со голем ентузијазам да дочека мирна пензија, но наместо тоа, Оскар сега открива дека водел жестока борба за живот.

Непосредно пред да го извести Сао Пауло за одлуката за пензионирање, Оскар колабирал за време на еден рутински медицински преглед, по што лекарите повеќе од две минути се бореле за неговиот живот.

– Имав проблеми да зборувам на оваа тема поради тоа што емотивно се потресував, но сега сакам сите да ја слушнат мојата приказна. Сакав да продолжам да играм фудбал, бев подготвен да играм уште две години, но моето тело кажа стоп. Морав да ставам крај на кариерата и покрај тоа што ми беше неизмерно тешко.

– Сега можам мирно да зборувам на оваа тема, бидејќи претходно прекинував само кога ќе помислев на тоа. За време на рутински тестови, одеднаш се онесвестив и сум имал прекина на срцето. Сите велат дека пред да умреш, го напушташ телото, а јас имав такво чувство. Немав свест, како да си во убав сон и се случува многу брзо. Можев да го видам мојот син како ми вели „татко, врати се“. По падот, две ипол минути лекарите ме враќале во живот и ме реанимирале, – открива Оскар со солзи во очите.