Кимих: Ако сакате да го победите Реал…

Дерби

07/04/2026

07:59

711

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид го дочекува Баерн Минхен во првиот натпревар од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, меч закажан за оваа вечер од 21 часот.

„Кралевите“ можеби имаат проблеми во домашните натпреварувања и пред се во Ла Лига, но кога е во прашање ЛШ тоа е друга приказна и тоа на своја кожа во почувствува Манчестер Сити во претходната фаза.

Баерн важи за тим кој е во најдобар фомра, ритам во Европа, па на хартија важи за благ фаворит иако Јозуа Кимих е свесен какви се овие натпревари.

-Ако сакате да го победите Реал Мадрид, мора да бидете во најдобра форма ментално и тактички. Сите овде се возбудени и среќни што ќе играат. Ова е натпреварување од највисоко ниво, за што сонуваме како играчи, и со нетрпение го очекуваме натпреварот. Секогаш е многу посебен натпревар, а според мене, Реал Мадрид и Баерн Минхен се двата најголеми клуба во светот.

-Нашиот менаџер обично не прави многу промени во зависност од натпреварот, но сите ние чувствуваме дека ова четвртфинале против Реал Мадрид е нешто посебно и го очекуваме со голем ентузијазам. Кога бев дете, доаѓав и го гледав стадионот дури и кога немаше натпревари, и тогаш сфатив колку е величествено ова место. Тоа не е секојдневна појава; за вакви моменти тренираме секој ден и се надевам дека ќе одиграме добро, -порача Германецот.