[ВИДЕО] Од „минус 17“ до победа: Неверојатниот Јокиќ се погрижи за луд пресврт во Колорадо

Дерби

07/04/2026

10:20

594

Големина на фонт

а а а

Домашниот терен во воведните рунди во плејоф знае да игра голема улога во НБА лигата, па токму поради тоа, доста важна ќе биде стартната позиција на сите екипи во разигрувањето.

Денвер рано утрово врза деветта победа во низа и потврди дека ја подигна формата во клучен дел од сезоната, а овојпат стигна до триумф иако изгледаше како тим кој е на работ од бездната.

Портланд играше изненадувачки добро во „Бол арената“ и имаше предност од 17 поени на стартот на последната четвртина, но на крајот успеа се еда упрска во завршните неколку минути.

Денвер се врати на крилата на неверојатниот Никола Јокиќ и дури дојде до пресврт во последната минута по тројката на Гордо, но во завршните напади Јокиќ не погоди двапати и мечот отиде во продолжение.

Во дополнителните минути, Денвер ја доврши работата која ја почна и го комплетираше пресвртот (137:132), а со деветтата победа во низа е се поблиску до осигурување на третото место на Западот.

Јокиќ имаше ново неверојатно издание и го заврши мечот со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции, а ова за него беше 197-ми трипл-дабл во НБА кариерата.