[ФОТО] Еурофарм Пелистер се пофали со потпис на македонски репрезентативец

Дерби

07/04/2026

11:39

176

Големина на фонт

а а а

Откако ги врза добар дел од најдобрите играчи во тимот за наредната сезона, Еурофарм Пелистер ги продолжи активностите во месец април и со големо засилување, а тоа е македонскиот репрезенативец, Мартин Серафимов.

Членот на Алкалоид реши да си замине од Автокоманда по истекот на договорот, а после подолги преговори со битолчани, конечно постигна договор за заедничка соработка.

– Мартин Серафимов две години во Еурофарм Пелистер. Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти.

– Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

– Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот. Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки.