Ливерпул гостува кај европскиот првак

Макфакс

08/04/2026

10:05

160

Големина на фонт

а а а

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, ќе го пречекс Ливерпул, во првиот четвртфинален натпревар.

Овие тимови се сретнаа во осминафиналето минатата сезона, а Париз победи на крајот по изведувањето на пенали во исклучително напнат двомеч.

Тој триумф се покажа како пресвртница за брилијантна серија резултати што кулминираше со трофејот за тимот на Луис Енрике на крајот од сезоната.

Тој натпревар, исто така, ја започна извонредната серија успеси на Парижаните против екипите од Премиер лигата, бидејќи тие продолжија да редат победи во два натпревари против Астон Вила и Арсенал, а таа серија продолжи кога убедливо го победија Челзи со вкупен резултат од 8:2 во осминафиналето оваа сезона.

Со 15 гола во последните четири натпревари во сите натпреварувања, од кои осум против Челзи во претходното коло, тимот на Луис Енрике конечно почнува да го враќа моментумот што им недостасуваше претходно во сезоната.

Од друга страна, Ливерпул западна во серија лоши резултати, која дополнително е влошена од поразот од 4:0 од Манчестер Сити во четвртфиналето на ФА Купот во саботата.