[ВИДЕО] Кари постигна 8 поени со два шута за неколку минути

Дерби

08/04/2026

11:17

184

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт успеа да го победи отпишаниот Сакраменто и ја прекина серијата од четири порази, а Стеф Кари имаше свој ефект и покрај фактот што добива ограничена минутажа.

По враќањето од повредата Кари не е стартер за Вориорс, но одлично ги искористи своите минути и на крајот го заврши дуелот со 17 поени.

Она што ги импресионираше фановите беше ефектот на Кари во финишот на полувремето, кога за само неколку минути постигна 8 поени со два шута.

Кари постигна две тројки под фаул и на тој начин изнуди дополнително слободно фрлање, па двата напада ги заврши со по 4 поени за својот тим.