[ВИДЕО] Купила половна „Tesla“ за да заштеди на гориво, ја дочекала поправка од 16.000 долари

Точка

08/04/2026

20:45

517

Големина на фонт

а а а

Купувањето половен електричен автомобил делува како паметен потег во време на високи цени на горивото. Сепак, дури и кај познати брендови како „Tesla“ постојат одредени ризици, особено кога станува збор за состојбата на батеријата и нејзината гаранција.

Оваа ситуација ја снајде една жена од САД која одлучила да купи половен „Tesla Model S“ од 2018 година, со цел да ги намали трошоците за возење. Автомобилот имал околу 177.000 изминати километри и на прв поглед бил речиси во беспрекорно добра состојба.

Меѓутоа, проблемите се појавиле речиси веднаш по купувањето. Веќе наредниот ден забележала дека батеријата го губи капацитетот многу побрзо отколку што треба. Во текот на ноќта нивото на наполнетост значително опаѓало, а по кратко возење дополнително се намалувало, сè додека полнењето не станало невозможно.


По преглед во сервис, било утврдено дека батеријата е сериозно оштетена и дека бара замена. Проценетата на поправката изнесувала дури 16.000 долари, а во текстот објавен од „Motor1“ не е прецизирано дали станува збор за делумна замена или за целата батерија, што би било невообичаено доколку не станува збор за половен примерок.

Клучниот проблем бил тоа што возилото повеќе не било покриено со гаранција за батеријата. Иако „Tesla“ обично нуди гаранција од осум години или до 150.000 милји (околу 240.000 километри), во овој случај тој период веќе истекол.


Поради тоа сопственичката мора сама да ги покрие сите трошоци, што значително ја зголемува вкупната цена на возилото. Кога ќе се пресмета поправката, излегува дека можеби би било поисплатливо да се купи понов или дури нов автомобил, отколку да се ризикува со половно електрично возило со истрошена батерија. Сепак, подоцна признала дека не истражила доволно пред купувањето.

Иако ваквите случаи звучат загрижувачки, статистиките покажуваат дека дефектите на батериите денес се поретки отколку порано. Кај возилата произведени меѓу 2017 и 2021 година, стапката на замена на батерии паднала на околу два проценти, благодарение на напредокот на технологијата. Сепак, состојбата на батеријата кај половно возило е клучен фактор за проверка пред купување.