Работел 45 години во „BMW“, а потоа добил подарок што ги шокирал сите

Точка

09/04/2026

18:21

952

Големина на фонт

а а а

Во време кога вработените често ги менуваат работните места и ретко остануваат децении во иста компанија, една приказна од Германија предизвика лавина реакции. По дури 45 години работа во „BMW“, еден работник доби испраќање што малкумина остави рамнодушни.

Во една од фабриките на „BMW“ во Германија беше затворено едно посебно поглавје. Работник со потекло од Турција, кој со децении работел на производствената линија, замина во пензија по 45 години работа.

Неговиот придонес не се мереше само со бројот на одработени часови, туку и со искуството, знаењето и односите што ги градел со колегите низ годините. На свеченото испраќање се собраа колеги и надредени за да го одбележат крајот на неговата кариера. Атмосферата беше емотивна, а кулминацијата дојде во моментот на врачување на подарокот.

Постариот господин најпрво добил модел од седиштето на „BMW“ со музеј и потписите на сите соработници, но по симболичниот сувенир следело вистинското изненадување. Компанијата за 45 години верност му подарила сосема нов „BMW M3“, а кога видел што добил, господинот се расплакал од среќа.


Видеото и фотографиите од испраќањето брзо се проширија на социјалните мрежи, а реакциите беа исклучително позитивни.

Многумина истакнаа дека станува збор за редок пример на компанија која знае да ја награди долгогодишната лојалност, додека други ја споредуваа оваа практика со условите за работа во други земји.

Во ерата на чести промени на работни места и несигурни договори, ваквите приказни стануваат исклучок. Овој случај потсетува на време кога долгогодишниот труд и верност не само што се очекувале, туку и конкретно се наградувале. И токму затоа оваа приказна не е само за автомобилот – туку за односот меѓу работникот и работодавачот кој денес сè поретко се гледа.