Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот, два дена пред парламентарните избори в недела, ги обвини своите противници за вклучување во „организиран обид да го искористат хаосот, притисокот и меѓународната демонизација за да ја оспорат одлуката на унгарскиот народ“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот, два дена пред парламентарните избори в недела, ги обвини своите противници за вклучување во „организиран обид да го искористат хаосот, притисокот и меѓународната демонизација за да ја оспорат одлуката на унгарскиот народ“.
Тие „заговараат со странски разузнавачки служби, незапирајќи пред ништо за да ја преземат власта“, објави Обран на Facebook, осудувајќи ги „заканите за насилство“ упатени кон нивните поддржувачи, „измислените обвинувања за изборна измама“ и „претходно организираните демонстрации“ дури и пред да се пребројат гласовите.
Суверенистот Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, се бори за петти мандат. Неговиот ривал, конзервативниот и про-ЕУ политичар Питер Маѓар, е наводно во водство на анкетите на пробриселски финансираните институти и медиуми, во кои сепак најголем процент од испитаниците се сѐ уште неопределние а не се објаснува и посложениот унгарски изборен модел.
Маѓар, исто така, во одговор на отворените кампањи од ЕУ и Укриана во негова полза предупреди, пред посетата на американскиот потпретседател ЏејДи Венс на Будимпешта оваа седмица, се бунеше за обид САД да влијаат на изборите, а од Брисел тврдат дека постојат докази но никако да ги петстават за наводни „континуирани руски напори да се мешаат во кампањата во полза на Виктор Орбан“.
Од друга страна, сојузниците на Орбан одамна предупредуваат дека анкетите кои мејнстрим медиумите во Европа ги лиферуваат и отворањето на аферата со прислушувањето на телефонот на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кој наводно ја информирал Москва, се продукт на европските разузнавачки служби и за организирање „обоена револуција“ со непризнавање на нова изборна победа на Фидес.












