Уапсен 38-годишник од село Камењане поради инволвираност во борби со кучиња

Макфакс

12/04/2026

14:41

154

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на село Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода 38-годишниот С.Р. од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, а во врска со настанот кога на 10.04.2026 на локалниот пат кон село Камењане, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица.

С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.