Малолетник нападнал друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари: во полиција се пријавил сам

Макфакс

12/04/2026

15:36

138

Големина на фонт

а а а

Ноќеска во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.