[ФОТО] Ќерката на Тајсон Фјури прв пат во јавност со свршеникот: Таа има 16, а тој 17 години и ќе застанат на „лудиот камен“

Супермен

14/04/2026

17:26

883

Големина на фонт

а а а

Ќерката на боксерската легенда, славниот Тајсон Фјури, шеснаесетгодишната Венецуела Фјури и нејзиниот свршеник Ноа Прајс (17) привлекоа големо внимание кога заедно се појавија на мечот на нејзиниот татко, што беше нивно прво заедничко појавување во јавноста.

Тој ја запросил пред неколку месеци, а Венецуела неодамна се најде во центарот на вниманието и поради прославата на моминската вечер што ја организирала за блиските пријатели и семејството.


За оваа пригода тие ги усогласија своите стајлинзи; Венецуела се појавила во тиркизен гламурозен фустан украсен со монистра, кој го искомбинирала со чевли во боја на кожа и впечатлив накит, додека нејзиниот свршеник носел елегантен црн костум и бела кошула.


Изгледаа опуштено додека им позираа на фотографите, а се шпекулира дека наскоро и ќе застанат на лудиот камен, со оглед на тоа што моминската вечер веќе е прославена.


Ноа ја запросил Венецуела на прославата на нејзиниот 16-ти роденден, а Тајсон имал шеговит коментар по повод ергенската вечер на својот иден зет: „Ако ја има, ќе бидам таму и ќе донесам стриптизети“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk