Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас успешно ја мина првата пречка на АТП турнирот од серијата 500 во Барселона.
Алкарас во неделата загуби од Јаник Синер во финалето на Мастерсот во Монте Карло и со тоа остана без првата позиција на листата, но може експресно да се врати на врвот под услов да слави во Барселона.
Првиот чекор е направен, совладан е Ото Виртанен од Финска која е на 130 позиција. Фаворитот имаше потешкотии во првиот сет, но успеа со брејк во десеттиот гејм за дојде до 6-4 и водство од 1-0.
Во вториот сет Шпанецот беше подоминантен и со 6-2 го затвори дуелот и закажа соочување со Томас Махач од Чешка.








