Новиот Јусеин Болт (18) собори светски рекорд, Американец го обвини за измама: „Поголема лага не може да постои“

Точка

14/04/2026

14:23

1.028

Големина на фонт

а а а

Новата надеж на светската атлетика и момче кое има само 18 години, Гаут Гаут, го воодушеви светот за време на викендот, соборувајќи го светскиот рекорд до 20 години на 200 метри на Првенството на Австралија. Со време од 19.67 секунди, тој стана рекордер на Австралија и Океанија и првиот човек на континентот што ја истрчал оваа дисциплина под 20 секунди.

Младиот атлетичар, со потекло од Јужен Судан, се претстави пред јавноста пред неколку години на локални шампионати во својата земја, а набрзо стана ѕвезда, потпиша бројни вредни договори и сега го надмина резултатот на Американецот Ерион Најтон, на кого му е признат рекорд од 19.69, но не и резултатот од 19.49.

Гаут беше побрз и од легендарниот Јусеин Болт, со кого често го споредуваат, но на многумина им привлече внимание необично брзата трка. Се огласи американскиот спринтер Ерин Браун, кој истакна дека овој резултат не треба да биде признат.

„Мислев дека навистина сведочевме на нешто посебно … Милион луѓе ми пратија пораки, сите пишуваат „човече, Гаут токму истрча 19.6“. Но тоа ме натера да ги проверам резултатите. Нема да лажам, но ако ми кажете дека ова е само омраза – не е така, затоа што сакате да бидете поинакви. Ова е очигледно лажно, поголема лага не може да има“.

Потоа ги анализираше резултатите:

“Гаут Гаут, кој во својата последна трка трчаше 20.4, сега одеднаш се појавува со 19.6. Ејдан Марфи е втор. Тип кој има личен рекорд 20.4, сега трча 19.8. Кејлеб Ло, кој оваа година трчал 20.7, се појавува и трча 20.2. Ако го погледнете моделот кај првите тројца, изгледа дека сите трчаат околу половина секунда побрзо од кога било претходно.

@erinspiderbrown Let's just use our thinking caps for one second if you say, this is hating you have the brain capacity of a Popeyes chicken sandwich! #SportsCommentaryTikTokContest #trackandfield #australia #sydneyaustralia ♬ dark night beat - Goltare

„Ако одите до крајот, до Арчер Мекхју, тој трча 20.3, а тоа е човек кој пред околу две недели првпат ја проби границата од 21 секунда со 20.8. А сега одеднаш трча половина секунда побрзо. Трката е реална, но времето не е реално“.

Потоа упати остри критики кон Австралија:

„Австралија постојано изнесува најсомнителни резултати што некогаш сме ги виделе, а вие тоа секогаш го надувате, па тие луѓе потоа доживуваат пад“, изјави Ерин Браун во остар тон.