Во Германија постои низа занимања кои, и покрај својата општествена важност, мораат да опстанат со ниски примања. Иако кај нас би се сметале за добри плати, според германските стандарди околу 2.500 евра се под границата на „пристојна заработка“.
Класичен пример се работите за чистење. Со просечна бруто плата од 2.493 евра за полно работно време, тие се наоѓаат на самиот врв на најслабо платените занимања. Овие работи се клучни за чистотата и хигиената, но финансиското признание изостанува, пренесува „Fenix-magazin.de“.
Според соопштението на Сојузниот завод за статистика, следуваат земјоделските занимања со просечна бруто плата од 2.531 евра месечно. Ниту во туризмот, хотелиерството и угостителството ситуацијата не е многу подобра: таму просекот изнесува 2.634 евра, а листата на слабо платени занимања ги вклучува и хортикултурата, производството на храна, па и текстилната индустрија.

• Чистач/ка – 2.493 евра;
• Земјоделски занимања – 2.531 еврa;
• Туризам, хотелиерство и угостителство – 2.634 евра;
• Хортикултура и цвеќарство – 2.672 евра;
• Производство на храна – 2.724 евра;
• Текстилни и кожарски занимања – 2.724 евра;
• Продажни занимања – 2.845 евра;

• Завршни градежни работи / ентериери – 2.845 евра;
• Обработка на пластика и дрво – 2.943 евра;
• Возачи/возачки – 2.999 евра.
.