Крос: Барселона никогаш нема да ја освои ЛШ ако не промени една работа!

Дерби

17/04/2026

12:38

218

Големина на фонт

а а а

Тони Крос вели дека морал да го бира „помалото зло“ во пресметката меѓу Атлетико Мадрид и Барселона во четвртфиналанта рунда во Лигата на шампиони, но севкупно гледано, легендарниот играч за врска на Реал е задоволен од исходот.

Крос смета дека подобро сценарио за него бил пласман на Атлетико во наредната рунда, но од друга страна, не гледа потенцијал овој тим на Диего Симеоне да стигне до толку посакуваниот трофеј во најелитното натпреварување.

– Зарем не можеше да загубат двата тима во ист момент? Поради моето минато во Реал, не сакав да победи никој, но ако требаше да бирам еден, подобро да биде Атлетико. Атлетико сигурно нема да има многу шанси за трофејот во Лига на шампиони. Не мразам никого, но поради љубовта кон Реал, претпочитам да не победи ниту еден од Барса и Атлетико.

– Ова е само мое лично мислење, но сметам дека Атлетико нема шанси да ја освои Лигата на шампиони. Останаа екипи кои играат многу подобар фудбал од нив, – нагласи Крос во „Лупен“ емисијата која ја води со својот брат Феликс.

– Ако реално се гледаат двата меча, Барселона беше подобар тим, но фактот што долго играше со фудбалер помалку ги направи работите тешки за нив. Атлетико секогаш знае добро да се брани и знае да игра на резултат, – додаде Тони, кој за крај го повтори својот став од месец јануари.

– Кога се браните на начин на каков се брани Барселона, со толку оставање простор за два, ризикувате да бидете казнети со голови, но ризикувате и вакви ситуации какви што видовме против Атлетико. Се ризикуваат ситуации еден на еден и црвени картони. Одбраната на Барселона цело време е изложена на опасност. Минатата година им се случи тоа со Интер, сега и со Атлетико. Ако не го променат начинот на игра, никогаш нема да ја освојат Лигата на шампиони со овој тим, – изјави Крос.