Рио ги предупредува „топчиите“ за желбите за Артета: Само тројца тренери би го избрале Арсенал пред Јунајтед!

Дерби

17/04/2026

12:40

187

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд се уште верува дека Арсенал може прв да ја „мине линијата“ и да стави крај на постот кој трае повеќе од 20 години во Премиер лигата, но дури и да не дојде до тоа, не верува дека клубот треба да се откаже од Микел Артета.

Арсенал се доведе во ситуација одново да стравува за своето прво место на табелата во пресрет на дербито со Манчестер Сити кое се игра во недела, а новиот пад во формата во клучен период од сезоната се повеќе ги загрева шпекулациите дека Артета може да остане без работа во месец мај.

Во овој момент, Арсенал е жив за двата најважни трофеи во сезоната и е блиску да испише историја, но според експертите, исто така е многу блиску и до отказ ако на крајот сезоната ја заврши без ниту една титула.

– Читам многу за тоа што доаѓа од Северен Лондон и би ги предупредил фановите на Арсенал да бидат внимателни со желбите за Артета. Не сум сигурен дека „шутирање“ на Артета ќе биде најдобра работа за Арсенал и во случај на нова сезона без титула.

– Треба да се навратиме малку назад и да се потсетиме каде беше клубот пред него, треба да бидеме објективни и да видиме од каде почна Артета. Арсенал сега игра константно, цело време е во Лигата на шампиони, а тимот не беше таму пред него. Арсенал речиси цело време завршува втор со него, се бори за титулата секоја сезона.

– Знам дека тимот мора да ја мине таа линија и да стигне прв, но тревата нема да стане позелена со друг тренер. Кој би бил другиот менаџер место Артета? Луис Енрике сигурно не би го заменил најдобриот тим во светот за Арсенал……

– Секој менаџер во светот би го избрал Манчестер Јунајтед пред Арсенал, освен Анри, Виеира и Фабрегас. Само тие би дошле во Арсенал пред Јунајтед. Се зборува за Фабрегас како потенцијален кандидат, но тој не ви гарантира ништо, иако е многу талентиран. Сакам да кажам дека ништо не носи сигурност, единствена сигурност е Пеп Гвардиола, а тој сигурно нема да заврши во Арсенал, – изјави Фердинанд.