Рома не успеа да го освои целиот плен во соочувањето со Аталанта (1-1) и со тоа пропушти уште една шанса да направи значаен исчекор во трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.
„Волчицата“ сега има два бода минус од четвртопласираниот Јувентус, разлика која може да се зголеми ако „старата дама“ оваа вечер ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Болоња.
Клубот од Рим воедно има и други проблеми, тренерот Џан Пјеро Гасперини и директорот Клаудио Раниери влегоа во јавна војна со зборови и по крајот на мечот можеа да се слушнат свирежи од публиката.
Гасперини беше запрашан дали клубот ќе мора да бира меѓу него и Раниери, а неговиот одговор беше следен:
-Бев вовлечен во ова, луѓето не зборуваа за ништо друго цела недела. Никогаш не одговорив, ќе продолжам да не одговарам, бидејќи не мислам дека е многу пријатно за сите луѓе на стадионот.
-Има уште пет натпревари до крајот, сè уште сме во борба за некои важни цели, и ако сме четири бода пред екипата на Аталанта, која беше трета минатата сезона, тоа покажува дека сме направиле нешто како што треба. Блиску сме до Комо и Јуве, видовме дека Наполи загуби, па затоа сум концентриран на оваа ситуација.
-Треба добро да ја завршиме сезоната, бидејќи ова беше извонредно искуство за мене, бидејќи пристигнав тука со многу скептицизам околу мене и малку ривалство. Постои тим кој продолжува да ме следи, им сум благодарен и секогаш ќе бидам, исто како што сум и на навивачите за она што ми го дадоа досега. Што се однесува до тоа што ќе се случи потоа, тоа се работи за кои ќе разговараме на крајот од сезоната, -порача искусниот стручњак.







