За првпат после долго време, Мерсисајд дербито донесе битка на два тима кои се навистина блиску на табелата, но првото и историски дерби на „Хил Дикинсон“ на крајот заврши со исход кој далеку повеќе му одговара на тимот во црвено.
Ливерпул славеше на драматичен начин со гол во 100-та минута и направи сериозен исчекор кон пласман во Лигата на шампиони, па сега разликата меѓу двата тима е осум бода.
Jones lmaoo 😭 pic.twitter.com/jQ26ftW4bi
— Bradley (@BradleyLFC24v3) April 19, 2026
Евертон остана надвор од местата кои водат во Европа во овој момент и пропушти шанса да се доближи на два бода до Ливерпул (такво сценарио беше можно со победа), а откако мечот заврши со 1:2, Куртис Џонс реши да го трола својот лут градски ривал на доста дрзок начин.
– Тие почнаа да се радуваат дека можат да дојдат на два бода од нас. Тоа покажува каков тим се тие, а каков тим сме ние. Тие слават да дојдат на два бода од нас во една од нашите најлоши години во послендо време. Ако тоа е она што го сметаат за чекор во вистинска насока, тогаш не знам што да кажам.
– Ние не размислуваме за тимовите кои не бркаат, секогаш гледаме напред и знаеме дека мора да играме во Лигата на шампиони, – изјави Џонс.







