Адам Левин се појавил на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес, заедно со сопругата Бехати Принсло, но нешто друго било во центарот на вниманието…
Познатиот пејач (47) ги натерал своите обожаватели добро да се замислат кога го виделе на доделувањето награди во Лос Анџелес. Иако цело време бил со својата сопруга, неговото лице се нашло во центарот на вниманието.
Адам на овој црвен килим се појавил без брадата по која со години беше препознатлив, но тоа не беше единственото што ги збунило обожавателите.
Додека им позирал на фотографите, било забележливо дека не можел да го движи лицето, како истото да било замрзнато и премногу затегнато, па веднаш почнале гласини за можна естетска интервенција.

„Ова не е Адам Левин, кој е ова?“, „Адам, што си направил со лицето?“, „Уф, кога ќе почнат со операции, тогаш изгледаат како балсамирани“, „Сигурно направил лифтинг“, „Изгледа како восочна фигура“, „Тоа не е ботокс, туку лифтинг“, се само дел од коментарите.


Шпекулациите за можни пластични операции успеаја донекаде да го засенат и неговото појавување со сопругата Бехати, по големиот скандал во кој се најдоа кога се пишуваше дека Адам ја изневерил сопругата и тоа додека го чекале нивното трето дете.