Тенисерката Арина Сабаленка блеснала на церемонијата на доделувањето на „Лауреус“ наградите во Мадрид, која и ја освоила, но покрај успехот што го постигнала, таа и ги воодушевила сите со своето модно издание.
Исто така таа неодамна се сврши, што привлече големо внимание на социјалните мрежи, а познато е дека поради својата харизма и духовитост веќе има армија обожаватели ширум светот.
За овој настан, Сабаленка избрала долг светкав фустан, а косата ја стилизирала во елегантна пунџа.

Веднаш откако пристигнала на плоштадот во Мадрид, ја опколиле обожавателите на кои им поделила автограми, а потоа не ја симнувала насмевката од лицето особено откако ја добила престижната награда.

Покрај Арина, во машка конкуренција за спортист на годината беше прогласен Карлос Алкараз.

Набргу потоа, коментарите на социјалните мрежи го преплавија профилот на Арина, која повторно собрала само комплименти.

„Прекрасна си“, „Го заслужи тоа“, „Кралице“, „Презгодна си“, се само дел од реакциите.