Поранешна стјуардеса открива: „Еве што се случува ако фатиме некого да има секс во авион – ги чека вистински пекол“

Точка

23/04/2026

15:46

1.029

Големина на фонт

а а а

Поранешна стјуардеса со 34 години искуство, Никола Дејл, откри каков точно е протоколот на кабинскиот персонал кога ќе фатат патници во интимен чин на 10.000 метри височина. Сцената што ги пречекува при излегување од тоалетот не е воопшто пријатна.

Да се стане дел од таканаречениот „mile high club“ е фантазија за која многу патници мечтаат, но малкумина се осмелуваат да ја остварат. Оние што ќе се одлучат на таков чекор често забораваат дека будните очи на кабинскиот персонал го следат секое нивно движење. Ветеранката на „Qantas“, Никола Дејл, која поминала цели 34 години во воздух, неодамна во австралиската утринска емисија „Sunrise“ потврди дека сексот во авион навистина се случува, и детално опиша што следува кога парот ќе биде фатен на дело.

„Тоа е реална работа, се случува. Сценариото речиси секогаш е исто – гледате една личност како влегува во тоалет, а потоа наскоро ја следи друга. По некое време се слушаат звуци“, раскажа Дејл, додавајќи дека ситуацијата за персоналот често е и „урнебесна“.

Откако екипажот ќе посомнева дека „љубовта е во воздух“, се активира дискретен, но добро увежбан протокол. Според искусната стјуардеса, членовите на екипажот упатуваат „не-итен повик“ до колегите за да ги информираат што се случува. Наместо приватност и дискреција, парот по излегување од тесниот тоалет го чека вистински „одбор за дочек“.

„Ги чекаат околу шест членови од кабинскиот персонал кога вратата конечно ќе се отвори“, објасни Дејл. Таа смета дека главниот мотив за ваков чин најчесто е желбата патниците да „чекираат“ нешто од својот животен список. На прашањето дали персоналот ги забрзува паровите во вакви ситуации, одговори дипломатски: „Зависи од ситуацијата.“

@sunriseon7 "You hear noises" - Former flight attendant's hilarious admission about people engaging in aerial amorous activities 😅 ✈️ WATCH SUNRISE FOR MORE | @7plus ♬ original sound - Sunrise

Слични искуства сподели и Менди Смит, поранешна стјуардеса на „Virgin Atlantic“, која потврди дека била сведок на бројни обиди за влез во „mile high club“. Но, таа предупредува дека заклучените врати од тоалетот не гарантираат приватност.

„Не сум видела никого целосно гол затоа што можеме да ги тргнеме тие врати. Иако се заклучени, можеме да ги отвориме и целосно да ги отстраниме“, откри Смит. Нејзиниот пристап, како што вели, зависи од околностите.

„Ги запирав луѓето, чукав на вратата и велев: ’Извинете, можете ли да излезете‘, бидејќи отприлика знам што правите. Полошо е кога има деца на летот и кога е ден, но ако е ноќен лет и се дискретни – искрено, веројатно не би ги ни вознемирувала“, призна таа, проценувајќи дека вакви случаи се случуваат на приближно еден од 20 или 30 летови.


Смит се потсети и на еден особено упорен случај.

„Една моја пријателка имаше ситуација со 18-годишна девојка која беше решена да влезе во клубот. Само зграпчи кој било. Не знам како го запознала тој тип, но екипажот ги спречи“, раскажа Смит. Но, приказната тука не завршила.

„По околу половина час повторно стана со друг маж и се обиде истото. Тогаш мојата пријателка мораше да разговара со нејзините родители, бидејќи патуваше со мајка ѝ и татко ѝ. Потоа повеќе не се обидуваше“, заклучи Смит за „LADbible“.


Кога персоналот ја преминува границата

Иако патниците најчесто се прекршителите, историјата бележи и случаи кога границите ги преминувале и самите членови на екипажот. Еден од најпознатите скандали се случи во 2007 година, кога стјуардесата на „Qantas“, Лиса Робертсон, доби отказ поради сексуален однос со познатиот актер Ралф Фајнс во тоалетот на бизнис-класата. Робертсон својата приказна ја продаде на британските таблоиди, опишувајќи го актерот како „најдобар љубовник што некогаш го имала – чиста десетка“. Признала дека знаела дека ги крши сите правила, но помислила: „Ако добијам отказ поради ова – ќе вреди“. Сепак, подоцна се почувствувала искористено бидејќи актерот престанал да ѝ одговара, додека неговиот публицист тврдеше дека токму таа била „сексуалниот агресор“.

Не сите инциденти завршиле со отказ. Неколку години подоцна, „Qantas“ повторно се најде во центарот на вниманието кога една вработена, која не работела како стјуардеса туку патувала со попуст за персонал, беше фатена во интимен однос со патник. Парот дури не се ни обидел да најде приватност во тоалет, туку се препуштил на страстите под ќебе во бизнис-класата по пригушувањето на светлата. Другите патници се пожалиле, а персоналот им наредил да прекинат и ги преместил на различни делови од авионот. И покрај скандалот, авиокомпанијата потврди дека вработената по истрагата била вратена на работа.