[ФОТО] Совршен спој на сексапилно и модерно: Антониа Гиговска во „барби“ розов фустан наменет само за најхрабрите

Точка

24/04/2026

19:28

1.413

Големина на фонт

а а а

Пејачката Антониа Гиговска уште еднаш покажа зошто се вбројува меѓу највпечатливите имиња на домашната естрада. Таа секогаш останува достојна на својот препознатлив стил, а овојпат се појави на настан во Будимпешта, во организација на „Essence Cosmetics“, во фустан со интересни изрези и впечатлива розова боја.

Во розова боја, која доживеа своевидна модна ренесанса по премиерата на филмот „Barbie“, фустанот кој го носеше Антониа смело ги нагласува женските облини.


Самиот фустан кој е со потпис на Дејан Сидор, претставува вистински моден предизвик, со длабоки изрези и лесен, лелеав материјал. Со овој избор Антониа покажа дека е во одлична форма, а високиот шлиц и асиметричниот горен дел дополнително придонесоа за модерен и атрактивен изглед. Долгата руса коса и дискретната шминка само го заокружија целокупниот впечаток и го истакнаа нејзиниот сексапил.

Инаку, Антониа моментално е актуелна со новата верзија на хит песната „Чукај чукај“, која ја изведе заедно со Благица Павловска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски.