Актерката Елса Патаки се појави на премиерата на шпански филм и ги остави сите присутни без зборови. Сега се поставува прашањето - како може да изгледа толку моќно на 50 години?
Актерката Елса Патаки, воедно и сопруга на Крис Хемсворт, е позната по својот беспрекорен стајлинг, но и по својот младешки изглед кој интригира многумина. Таа често е тема во странските медиуми и таблоиди и секогаш е среќна да одговори на прашањата на љубопитниот свет за нејзиниот физички изглед.

Во една прилика, во интервју за „Harper's Bazaar“, таа ги откри малите тајни на својата рутина за убавина, која ја практикува и денес.
Елса неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „El Homenaje“ (Почит) во Мадрид и во таа прилика покажа совршена фигура и уште посовршени црти на лицето на 50-годишна возраст. Како што можете да видите, за големиот настан таа одлучила да облече мини фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура, особено нозете.
Фустанот е дизајниран од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а е украсен со класично деколте, како и голем број кристали кои се вешто позиционирани на него.

За да го комплетира стајлингот, актерката се одлучила за нежна шминка во земјени тонови, но и за разбушавена фризура, таканаречените лежерни бранови што паѓаат по грбот.
Што мислите вие за оваа модна комбинација?





