[ФОТО] „Жешко издание на Џеј Ло од теретана: „Сакам да вежбам со тебе“

Супермен

27/04/2026

11:48

1.430

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез (56) се најде во центарот на вниманието кога се појавија гласини дека започнала врска со колегата Брет Голдштајн.

Иако сè уште не е потврдено, Џеј Ло се потруди со својот изглед да ги оттргне мислите на сите од својот љубовен живот.

Пејачката е позната по својот неверојатен изглед, енергија, но и строг режим кога станува збор за животните навики, па затоа не е изненадување што дури и во шестата деценија од животот, таа сè уште нема конкуренција.


Џеј Ло честопати зборувала за тоа, со оглед на тоа што понекогаш била критикувана за нејзината кореографија и костими на настапите бидејќи се сметаа за премногу предизвикувачки, сепак, таа јасно порачала дека сè додека изгледа толку совршено, дефинитивно нема да се откаже.

Фотографијата што ја објави од теретана успеа да ги „сруши“ социјалните мрежи и да воодушеви милиони нејзини следбеници за многу кратко време. На објавената фотографија, Џеј Ло позирала во малку спуштени хеланки откривајќи ги прекрасните стомачни мускули.


Ова не е прв пат латино дивата да се пофали со својот изглед и фотографии од тренинзите, а обично секогаш ги собира сите комплименти.

„Какви стомачни мускули“, „Дисциплина е твоето име“, „Изгледаш неверојатно“, „Сакам да вежбам со тебе“, „Ова тело е сè што сакам за летото“, беа само дел од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk