Рецепт за домашен сируп од нане: Природен напиток за жешките денови – едноставно, здраво и вкусно

Точка

28/04/2026

16:10

228

Големина на фонт

а а а

Мирисот на домашниот сируп од нане потсетува на летни денови, ладовина и освежување без вештачки додатоци.

Овој едноставен рецепт носи природен и интензивен вкус на нане кој лесно се приготвува, а се памети долго.

Состојки:

300-500 гр свежи листови од нане

3 литри вода

3 кг шеќер

40-50 гр лимонтуз


Подготовка:

Листовите од нането темелно измијте ги и со раце малку згмечете ги за да ја ослободите аромата. Во поголем сад измешајте вода и лимонтуз, а потоа додадете ги подготвените листови од нане. Покријте и оставете да отстои на ладно место 24 часа.

Потоа, процедете ја течноста со цедалка, нежно притискајќи го нането за да извлечете што е можно повеќе вкус и арома. Додадете шеќер во добиената течност и мешајте повремено додека не се раствори целосно – овој процес може да потрае уште неколку часа, па дури и до еден ден.

Кога шеќерот целосно ќе се раствори, истурете го сирупот во претходно стерилизирани шишиња и цврсто затворете ги.


Совети:

Доколку не користите конзерванси, можете да го чувате сирупот во замрзнувач во пластични шишиња.

Наместо лимонтуз, можете да додадете свежо исцеден сок од лимон за поприроден вкус.

Чувајте го сирупот на ладно и темно место, по можност во фрижидер, каде што може да трае до два месеци.

Послужете го разреден со ладна вода и мраз за совршено летно освежување.