Барела: Во животот најважно е да се научи лекцијата

Дерби

04/05/2026

16:00

196

Големина на фонт

а а а

Интер ја победи Парма со 2:0 и математички го завери 21-то Скудето во својата историја, успех во кој малку кој веруваше по болниот крај на минатата сезона.

Италијанските медиуми пишуваа за крај на една ера по тешкиот месец мај во кој останаа без три титули во краток временски интервал, но Кристијан Киву внесе нов ентузијазам во тимот на Интер, кој сега до крајот на сезоната ќе се бори и за двојна круна со финалето во Купот.

Николо Барела беше еден од играчите на Интер кои први говореа по освоената титула на домашен терен, а според него, најважно е што добар дел од играчите кои лани ја завршија сезоната со наведнати глави, сега гордо ќе се радуваат на успехот по добро научената лекција.

– Отсекогаш велевме дека нашата цел е Скудетото и не го криевме тоа. Не беше лесно, но време е малку да уживаме. Така одат работите во фудбалот, секогаш има тешки моменти и мора да излезете посилен од истите.

– Ќе дадам еден личен пример. Минатата сезона бевме многу блиску до сите титули, а на крајот не освоивме ништо. Во животот мора да ја научите лекцијата, но уште поважно, да станете кога сте паднале и да застанете на нозе. Сакам да им се заблагодарам на момците и на стручниот штаб што успеавме во тоа, минавме низ тешки моменти и сега заслужено се радуваме. Секогаш велам дека грешки се случуваат на теренот, но никогаш не смее да се загуби желбата и заедништвото, – изјави Барела.