Свечената гала-вечер во Њујорк, во организација на Ана Винтур, го привлече вниманието на бројни славни дами, а меѓу нив беа и познатите сестри Серена и Венус Вилијамс.
Прославените тенисерки се појавиле на гала-вечерта што традиционално ја организира Винтур пред Мет Галата. Гламурозниот настан се одржува во Њујорк, а славните личности веќе полека го окупирале градот.

Меѓу присутните, посебно внимание привлекле тенисерките, секоја на свој начин, иако Серена повеќе била на мета на коментари.
Венус се прошетала во елегантен црн фустан украсен со црвени мотиви, а текстурата на материјалот била таква што сè изгледало како фустанот да е составен од безброј ситна мониста.

Сепак, Серена се погрижила сите погледи да бидат насочени кон неа, па дури и да изгледа вулгарно, како што тврдат некои луѓе во коментарите. Прославената тенисерка избрала црвен фустан со голем шлиц, па така фустанот едвај ѝ го покрил задникот.

Во еден момент, додека Серена излегувала од автомобилот, папараците снимиле повеќе отколку што требало, па така сите добија можност да видат и каква долна облека носела Вилијамс.

„Дали има огледало дома?“, „Ужасно изгледа“, „Ова е 18+ – страшно“, „Ѝ треба поголем фустан“, „Штета, кариерата ја засени со ова издание“, „Ова е евтино и вулгарно“, беа само дел од коментарите.









