Мбапе се најде на удар поради сликите кои се појавија на социјалните мрежи, Арбелоа порача: Ниту еден играч не е поголем од Реал Мадрид!

Дерби

04/05/2026

16:55

577

Големина на фонт

а а а

Љубовната романса меѓу Килијан Мбапе и Екстер Еспосито се повеќе добива на значење во Шпанија, особено откако двојката беше уловена на заедничко патување во Италија.

Во дадената ситуација се ќе беше сосема нормално за познатиот пар, но фактот што Килијан Мбапе е повреден и не стои на располагање на Алваро Арбелоа сериозно ги налути фановите на Реал Мадрид, особено што излегоа фотографии непосредно пред мечот со Еспањол.

Во моментите кога неговите соиграчи се подготвуваа за мечот со Еспањол на кој го одложија шампионското славје на Барселона, Мбапе воопшто не беше во Шпанија, па Французинот доби голем број критики на социјалните мрежи.

За фановите нелогично е како повреден играч добива дозвола да оди на приватно патување и да има слободни денови, особено во ситуација кога според програмата на клубот, тој треба да се врати на терените во брзо време.

Оваа тема брзо стана доста актуелна во шпанската јавност, па тренерот Арбелоа мораше да дава одговори за својата прва ѕвезда во тимот по победата од 0:2.

– Целото планирање за повредените играчи е управувано и надгледувано од медицинскиот персонал на Реал Мадрид, кој потоа контролира дали играчите треба да се појават во Валдебебас, или воопшто да не доаѓаат таму. После тоа, секој играч прави се што смета дека е соодветно во своето слободно време и јас не можам да се мешам во тоа, – изјави Арбелоа за Мбапе, но во продолжение испрати сериозна порака.

– Безброј пати сум кажал…… Само талентот не е доволен во фудбалот, во Реал Мадрид мора ад се биде посветен и да се чуваат вредностите. Реал Мадрид не е изграден од играчи кои излегуваа во смокинзи на теренот, туку од играчи кои натпреварот го завршуваа прекриени во пот, кал, труд и жртва.

– Не се сомневам во посветеноста на Мбапе, мислам дека сите знаат дека секој натпревар за Реал е важен без оглед на околностите. Како и да е, никогаш немало, нема и нема да има играч кој е поголем од Реал Мадрид. Моите играчи совршено го разбираат тоа, знаат каде се и колку треба да бидат среќни што воопшто се тука, – изјави Арбелоа.