Трамп: Уништивме ирански „брзи“ бродови, тоа е сè што им остана

Макфакс

04/05/2026

20:45

131

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на платформата „Truth Social“ за најновите настани во Ормускиот теснец и операцијата „Проект Слобода“, со која Америка сака да обезбеди премин на бродови низ Ормускиот теснец, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.

Трамп: Уништивме ирански глисери. Тоа е сè што им остана

„Иран изврши напади врз земји кои не се поврзани со бродовите во операцијата „Проект Слобода“, вклучувајќи и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Удривме седум мали ирански бродови или, како што сакаат да ги нарекуваат, „брзи“ бродови. Тоа е сè што им остана.

Освен јужнокорејскиот брод, во моментов нема штета на бродовите што минуваат низ теснецот. Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата, Ден Кејн, ќе одржат прес-конференција утре наутро“, напиша Трамп на „Truth Social“.